Tuesday, January 27, 2009

J & B - Justerini & Brooks

Историјата на ова виски започнува кога во 1749 год. Гиацомо Јустерини од Бологња се заљуби во оперска пејачка која ја следеше до Лондон со него носејќи голем број рецепти за произведување ликери од неговиот чичко кој бил произведувач на алхохол.
Таму тој најде американски партнер Џорџ Џонсон и заедно со него воспоставија бизнис со трговија на вино.
Во 1760 год. Гиацомо Јустерини се врати во својата родна земја и истата година кралот Џорџ III му направи голема чест на неговата фирма со давање на првата од осумте кралски гаранции.
Во 1831 год. бизнисот оргинално започнал со помош на Алфред Брукс кој поседувал големи градини со дрва.
Фирмата од тогаш се нарекла "Justerini & Brooks"-(J & B).
Тие први ја согледале можноста да откупуваат поевтино виски и да произведуваат нивни производи.Таквиот производ се нарекол Club кој сеште постои во продавниците.
Во текот на прохибицијата компанијата претстави производ кој беше наречен J & B-Rare и беше креиран само за американскиот маркет.
Сега тие се втори најдобро продавано виски на светско ниво веднаш после Џони Валкер.
Исто постојат повеке врсти како што се:
-J & B Reserve- 15 год. чувано виски.
-J & B Jet- 12 год. чувано виски и произведено во Франција.

No comments:

Post a Comment